Рама: „Отворен Балкан“ е стратешки интерес на албанската нација, албански знамиња се вееја и јас кога бев во Белград

Тирана, 20 декември 2021 (МИА) – Албанскиот премиер, кој е политичар што остварува најчеста комуникација преку социјалните мрежи, му одговори на граѓанин, на Фејсбук, во врска со присуството на српски знамиња, на булеварот „Народни херои“, во рамки на посетата на претседателот Александар Вучиќ.

Коментаторот му пишува на Рама дека денеска во Тирана е подигнато „знамето на злосторства, масакри и силувања“.

„Вистината е дека денот кога го посетив Белград, главниот град на Србија, беше полн со албански знамиња, а хулиганите кои запалија знаме беа уапсени од полицијата; вистината е дека во Белград зборував албански и ги бранев интересите на сите Албанци и секако на Албанија; вистината е дека во Белград на албански побарав признавање на Косово од Србија, токму во претседателската палата на Србија и тогаш ме направивте херој, но јас не бев херој тогаш и не сум предавник сега, бев едноставно премиерот на Албанија“, одговара Рама.

Прочитајте и:  Крвава расправија на ученици во Тирана - еден починат, двајца повредени, еден приведен од полицијата

Исто така, додава дека вистината е оти „Отворен Балкан“ не е само иднината на децата од целиот регион, туку и стратешки интерес на Албанија и на целата албанска нација.

„Вистина е дека вистината доцни, но не заборава и утре ќе размислуваш како мене денес, додека срамот ќе го носат оние што го имаат, а не јас и мојата влада, што имаме поддршка од Албанците да работиме, развиваме и трпиме дури и кал што врз нас го фрлаат старите лопати на албанската политика“, пишува Рама, асоцирајќи на Сали Бериша (77).

- Реклама -