Алтернатива го одби предлогот на Мицкоски Гаши да биде мандатар: „Ние сме во еден процес кој сѐ уште е во тек“

Предлогот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, Африм Гаши да биде мандатар за состав на нова Влада наместо новиот лидер на СДСМ – Димитар Ковечевски, за Алтернатива е неприфатлив.

Причината, велат од партијата за МИА, е што Алтернатива се наоѓа во процес кој сѐ уште не е завршен.

„Му благодариме на господинот Мицкоски за изразената почит кон претседателот Африм Гаши, но Алтернатива моментално е во еден процес кој е во тек и сѐ уште не е завршен. Во овој период немаме причина и не можеме да зборуваме за ништо друго“, изјавиле од партијата.

Покрај Алтернатива, предлогот инстантно го одби и ДУИ, со образложение дека во моментов само тие и нивниот лидер – Али Ахмети, можат да предложат премиер Албанец. За разлика од нив, Алијанса за Албанците изрази поддршка за предлогот на Мицкоски (детали ТУКА).

Прочитајте и:  Мицкоски за барањето на Ахмети: Косово да интервенира кај уставните судии кои ДУИ и СДСМ ги избраа? Шокантно

Извор: МИА

- Реклама -