377 нови случаи на ковид, пријавени се вкупно 13 починати

Во последните 24 часа направени се 3.608 тестирања, а регистрирани се 377 нови случаи на КОВИД-19:

• Скопје – 164
• Кавадарци – 31
• Прилеп – 30
• Битола – 24
• Охрид – 16
• Велес – 15
• Куманово – 11
• Штип – 10
• Кичево – 9
• Тетово – 7
• Струмица и Крива Паланка – по 6
• Радовиш и Валандово – по 5
• Гостивар, Гевгелија, Неготино, Делчево и Богданци – по 4
• Свети Николе, Ресен и Кратово – по 3
• Кочани, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2
• Струга, Пробиштип и Крушево – по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 5 починати лица од Скопје (63г, 82г, 85г, 85г и 87г) и по едно починато лице од Куманово (61г), Охрид (58г), Битола (67г), Штип (66г), Струмица (62г), Крива Паланка (78г) и Виница (69г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице со датум на смрт 06.12.2021. Регистрираното починато лице е од Скопје (1). Починатото лице е на возраст од 92 години. Лицето е починато во болнички услови.

Регистрирани сe 307 оздравени пациенти од:

• Скопје – 155
• Охрид – 23
• Прилеп – 20
• Кавадарци и Куманово – по 17
• Битола – 13
• Делчево – 10
• Струга – 8
• Велес и Ресен – по 5
• Штип, Струмица, Валандово и Кочани – по 4
• Гевгелија – 3
• Тетово, Свети Николе и Пехчево – по 2
• Кичево, Радовиш, Неготино, Богданци, Кратово, Македонска Каменица, Берово, Демир Хисар и Дојран – по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.500.087 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219.100, бројот на оздравени пациенти е 205.700, на починати е 7.723, а бројот на активни случаи изнесува 5.677.

- Реклама -