Во последните 24 часа направени се 3.028 тестирања, а регистриран е 361 нов случај на КОВИД-19:
• Скопје – 166
• Прилеп – 41
• Битола – 30
• Кавадарци – 22
• Кочани – 14
• Куманово и Велес – по 12
• Тетово – 8
• Гевгелија – 6
• Неготино, Радовиш и Делчево – по 5
• Кичево, Берово, Валандово и Македонски Брод – по 4
• Струмица – 3
• Гостивар, Штип, Охрид, Богданци и Пехчево – по 2
• Крива Паланка, Пробиштип, Кратово, Демир Хисар, Крушево и Дојран – по 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 4 починати лица од Скопје (61г, 71г, 71г и 83г), 3 починати лица од Битола (70г, 74г, и 84г) и едно починато лице од Куманово (47г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 7 починати лица со датум на смрт од 26.11.2021 до 08.12.2021. Регистрираните починати лица се од Тетово (3), Скопје (2) и Гостивар (2). Починатите лица се на возраст од 47 до 88 години. Четири лица се починати во домашни услови, а три лица се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 433 оздравени пациенти од:
• Скопје – 182
• Битола – 37
• Прилеп – 32
• Куманово – 23
• Штип – 21
• Кавадарци – 20
• Гевгелија – 14
• Тетово – 13
• Струмица – 11
• Велес и Делчево – по 10
• Кочани – 8
• Крива Паланка – 6
• Берово и Охрид – по 5
• Неготино, Радовиш, Валандово и Македонска Каменица – по 4
• Македонски Брод и Кратово – по 3
• Кичево, Богданци, Демир Хисар, Виница и Демир Капија – по 2
• Крушево, Дојран, Свети Николе и Ресен – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.496.479 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 218.723, бројот на оздравени пациенти е 205.303, на починати е 7.710, а бројот на активни случаи изнесува 5.620.