Словенец примил дури 23 вакцини против Ковид-19, што е рекорден број, објавија словенечките медиуми, пренесува МИА.
Бестрашниот маж примал вакцини во име на други луѓе, за паричен надомест. Во тоа успеал бидејќи во Словенија, за примање вакцина против ковид, доволно е да се покаже картичката за здравствено осигурување, на која нема фотографија.
Според словенечкиот портал „Свет 24“, ова не е единствен случај од ваков тип. Друг Словенец, на пример, шестпати се имунизирал.
Извор: МИА