Николовски не се гледа себеси како кандидат за премиерската функција

Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси – Љупчо Николовски, на денешната прес-конференција на која беше презентиран Е-инспекторот, рече дека не се гледа себеси како кандидат за премиерската функција.

„Утрешните закажани состаноци во СДСМ предизвикуваат внимание. Се работи за најголемата политичка партија и организација што е демократска, модерна, во којашто и пред неколку месеци имаше непосреден избор за претседател на партијата, имаше само еден кандидат. И доколку сега се одлучи да се отворат истите постапки ќе имаме целосно отворена, транспарентна, демократска постапка во која што во ниту една политичка партија ја нема и каде што секој кој ги исполнува условите ќе може да се кандидира. Јас не се гледам и нема да бидам еден од кандидатите“, истакна Николовски во одговор на прашањето дали се гледа како наследник на Зоран Заев на премиерската функција.

Прочитајте и:  СДСМ: Новата сила и енергијата на Конгресот ја вознемири ДПМНЕ

Лидерот на СДСМ и актуелен премиер – Зоран Заев, во петокот најави дека ќе побара од органите на партијата утре да биде биде свикан Централниот и Извршниот одбор за да се констатира неговата оставка и да почне постапката за избор на нов лидер. Идниот лидер, според Заев, би требало да биде и идниот мандатар кој ќе ја состави новата влада.

МИА

- Реклама -