Кузеска: Преговараме со сите партии и пратеници кои сакаат да го продолжиме патот кон ЕУ

„Ние сме постојано во комуникација со пратениците кои го поддржуваат демократскиот блок и патот кон ЕУ, добрососедските односи и кои сакаат државата да продолжи напред“, изјави портпаролката на СДСМ – Богданка Кузеска, во вчерашното гостување во „Само вистина“ на ТВ „Канал 5“.

Кузеска најави дека средба со Алтернатива ќе има, а СДСМ е во преговори и со пратениците кои, како што рече Кузеска, „Мицкоски ги прелажал дека има мнозинство“ а „сакаат да одат напред“ и ги поддржуваат НАТО, ЕУ, Преспанскиот и Охридскиот договор.

Прашана за денот на гласањето, Кузеска рече дека не било логично пратениците на СДСМ да влезат во салата кога опозицијата најавила рушење на Владата.

Прочитајте и:  Филипче: Обвинувањата за нелегитимноста на процесот се некоректни и навреда за членовите на СДСМ

„Не влеговме во Собранието во салата по одлука на партијата на седница на која Мицкоски најави дека има мнозинство и дека ќе ја руши Владата, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ кои не влегуваа да гласаат за пакет мерки за помош на граѓаните кои тогаш и се потпишуваа и земаа дневници“, изјави таа.

Извор: Бриф.мк

- Реклама -