Касами: Пријавив во МВР дека пратеник и неговото семејство се исчезнати, под принуда Реџепи може да даде секакви изјави

Власта со вакви механизми може да обезбеди и 120 гласа. Ова веќе е делегитимација затоа што со криминални акти и механизми се обезбедуваат гласови за да не падне оваа криминална власт, изјави вечерва претседателот на БЕСА – Биљал Касами.

Касами информираше дека „пријавил оти пратеник на движењето БЕСА е исчезнат“, како и неговото најблиско семејство – мајка, жена и син, и ги повика властите да го најдат каде е и да објаснат зошто 24 часа не е достапен.

„Оваа власт станува криминална. Пратеник на Собранието на Република Македонија да исчезнува 24 часа и никој да нема информации каде се наоѓа… ова веќе не се работи за евроинтеграции, не се работи за власт и опозицијата, се работи за животот на луѓе. Значи, човекот, пратеник со имунитет и неговото најблиско семејство. Затоа повикувам до премиерот и до сите власти да најдат каде е пратеникот и да објаснат зошто пратеник на Собранието на Северна Македонија 24 часа не е достапен и не е слободен да се движи согласно тоа што му го обезбедува Уставот и Законот“, изјави Касами вечерва пред Собранието.

Прочитајте и:  Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Прашан како го коментира тоа што Кастриот Реџепи се јавува преку социјалните медиуми, Касами рече дека тоа е дополнителен доказ дека тој може под сила да даде секакви изјави.

„Сѐ додека не излезе пред јавноста и да каже кој е неговиот став, јас може само да претпоставувам. После ова што се случи, не 61 – власта со вакви механизми може да обезбеди и 120 гласа. Значи, веќе ова е делегитимација затоа што со криминални акти и механизми се обезбедуваат гласови за да не падне оваа криминална власт“, изјави Касами.

МИА

- Реклама -