Митрески: Буквално сите прогресивни пратеници даваат безрезервна поддршка и најостро ги демантираат конструкциите на ВМРО-ДПМНЕ

Kоординаторот на пратеничката група на СДСМ – Јован Митрески, по соопштувањето на новото парламентарно мнозинство, денеска преку Фејсбук повика на смиреност.

Тој посочи дека, како координатор, е во постојана комуникација со сите пратеници од пратеничката група, но и со пратениците кои не се дел од неа а ги поддржуваат прогресивните политики и заедничките политики кои, како што вели Митрески, носат напредок.

„Сите, буквално сите, даваат безрезервна поддршка и најостро ги демантираат конструкциите кои ВМРО-ДПМНЕ ги прави со единствена цел да изврши притисок и да создава нереална еуфорија во јавноста“, напиша Митрески.

Тој посочи и дека до него стигнале информации дека дел од вчерапотпишаните пратеници за гласање на наводна доверба на владата се злоупотребени и не се точно информирани со кого, односно со кои други партии од парламентот имаат т.н. заедничка цел. Таква информација објавија и некои медиуми на албански јазик.

Прочитајте и:  Лефков: Генералниот секретаријат на влада во време на СДС и ДУИ исплатил 23 милиони евра без основ

„Остануваме отворени и ги повикуваме на соработка и одговорно застанување на страната на демократската опција сите прогресивни демократски сили и сите пратеници кои се за европска иднина на нашата држава, за правда и економскиот напредок“, порача Митрески.

- Реклама -