Мицкоски: „Новата иднина доаѓа, имаме ново парламентарно мнозинство“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, во објава на Фејсбук, соопшти дека има ново парламентарно мнозинство.

„Новата иднина доаѓа, ново време и нова надеж. Нѐ чекаат силни предизвици, свесни и благодарни за поддршката заедно ќе успееме. Македонија ќе успее! Имаме ново парламентарно мнозинство“, напиша Мицкоски, споделувајќи заеднички фотографии од лидерот на Левица – Димитар Апасиев, генералниот секретар на Беса – Арјанит Хоџа, претседателот на Алтернатива – Африм Гаши, и генералниот секратар на Алијанса на Албанците – Арбен Таравари.

Парламентарното мнозинство брои 61 пратеник, но од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат зголемување на бројот на пратеници во мнозинството. Се очекува изјава за медиумите во текот на утрешниот ден, пренесе МИА.

Прочитајте и:  Мицкоски за барањето на Ахмети: Косово да интервенира кај уставните судии кои ДУИ и СДСМ ги избраа? Шокантно

- Реклама -