Заев на Канал 5: Докажавме дека ги слушаме граѓаните, се корегираме и учиме, тоа е одговорност

„Верувам дека успеавме во овие 10-тина дена да испратиме сериозни пораки, сега сме обединети, здружени сме, во коалицијата, со партиите на Албанците и со граѓаните. Граѓаните ќе го дадат правецот дали ќе одиме кон модерно Скопје или назад кон лагите и лошото управување со Скопје“, изјави лидерот на СДСМ и премиер – Зоран Заев, во интервју на ТВ „Канал 5“.

Тој истакна дека граѓаните знаат дека овие четири години власта предводена од СДСМ ги слушала и знаела да се корегира и дека е партија која сака и знае да учи.

„Дека сакаме да учиме сме докажале многу пати до сега. Ние како политичари мораме постојано да учиме и да ги слушаме граѓаните. Ефикасноста на инситуциите е многу важна. Јас верувам дека сето ова поттикнува мобилизација, а прогресивниот дел од граѓаните, кое е мнозинство, ќе излезе на избори и ќе го трасира патот кон Европа“, рече Заев.

Тој порача дека не ни е потребен конзервативен пат кој, како што рече, не е близок до европските вредности и дека очекува победа во вториот изборен круг.

- Реклама -