Заев: Бадијала ве плашат, македонската нација никогаш не ни била попризнаена

„НАТО е реалност, ЕУ интеграцијата ни е на дофат ако останеме на прогресивниот автопат кој води до демократски и европски стандарди и вредности. Македонскиот идентитет е признаен, верификуван и бетониран како никогаш претходно“, истакна во видео обраќање претседателот на СДСМ – Зоран Заев.

„Бадијала ве плашат! Клучните историски факти за македонската нација нема да бидат предмет на политичка ревизија. Нацијата никогаш не ни била поцврста и попризната. Ние бараме и наоѓаме решенија на децениските проблеми, но на принципиелна основа и согласно европските фундаментални принципи. Нашето право на самоопределување никој не може и не смее да го оспорува“, порача Заев.

Според него ова е моментот кога треба да граѓаните да се обединат и да погледнат напред, заради сегашните и генерациите кои доаѓаат.

„Народе мој, почитувани сограѓани, видовте како работи Влада која не ги дели луѓето“, нагласи Заев.

- Реклама -