Скопје, 23 октомври 2021 (МИА) – Во вториот круг од Локалните избори, што ќе се одржи на 31 октомври 2021 година, ќе се гласа во вкупно 44 општини. Во Маврово-Ростуше и Центар Жупа ќе се повтори гласањето, бидејќи не е исполнет законскиот цензус на гласање да излезат најмалку една третина од запишаните гласачи во Избирачкиот список.
Државната изборна комисија во рок од 15 дена ќе ја извести Владата, за таа потоа да го извести Собранието, кое треба да распише нови избори за овие две општини.
Ова на денешната прес-конференција го соопшти претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, како дел од известувањето за конечност на резултати од гласањето за избори на членови на совет на општините на град Скопје и градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје одржани на 17 октомври овој месец.
Според податоците што ги соопшти Даштевски, во првиот круг од гласањето, од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, градоначалници се избрани во: Аеродром – Тимчо Муцунски, Босилово – Ристо Манчев, Бутел – Дарко Костовски, Велес – Марко Колев, Виница – Миле Петков, Гази Баба – Бобан Стефковски, Ѓорче Петров – Александар Стојковски, Градско – Киро Нацков, Зрновци – Борчо Коцев, Илинден – Александар Ѓоргиевски, Јегуновце – Димитар Костадиновски, Кавадарци – Митко Јанчев, Карбинци – Виктор Паунов, Могила – Драганчо Сабатковски, Неготино – Горан Стојанов, Новаци – Стевче Стевановски, Петровец – Борче Митевски, Прилеп – Борче Јовчевски, Свети Николе – Дејан Владев, Сопиште – Стевче Трпковски, Штип – Иван Јорданов.
Од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ избрани градоначалници има во општините Берово – Звонко Пекевски, Богданци – Блаже Шапов, Валандово – Перо Костадинов, Делчево – Горан Трајковски, Дојран – Анго Ангов, Крива Паланка – Сашко Митовски, Кривогаштани – Николче Мицковски, Крушево – Томе Христовски, Струмица – Константин Костадинов, во Липково и Сарај во првиот круг има избрано двајца градоначалници од ДУИ, тоа се Еркан Арифи, односно Блерим Беџети.
По одржаното гласање на 17 октомври 2021 година, во вториот круг, кој ќе се одржи на 31 октомври 2021 година, ќе се гласа за следните кандидати за градоначалници во општините:
Арачиново: Ридван Ибраими од ДУИ и Меликије Халими од СДСМ
Битола: Тони Коњановски од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ Христо Кондовски
Боговиње: Бесник Емши од ДУИ и Аљбон Џемаили од Алијанса и Алтернатива
Брбеница: Јовица Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ и Енвер Пајазити – независен
Василево: Славе Андонов од ВМРО-ДПМНЕ и Марјан Јанев од ВМРО-ДПМНЕ
Вевчани: Спасе Кочовски од ВМРО-ДПМНЕ и Сашо Јанкоски СДСМ
Врапчиште: Неби Реџепи од ДУИ и Исен Шабани од Алијанса и Алтернатива
Гевгелија: Андон Сарамандов од ВМРО-ДПМНЕ и Сашо Поцков од СДСМ
Гостивар: Невзат Бејта од ДУИ и Арбен Таравари од Алијанса и Алтернатива
Дебарца: Игор Крцовски од СДСМ и Зоран Ногачевски – независен
Демир Капија: Андон Донев од ВМРО-ДПМНЕ и Лазар Петров од СДСМ
Демир Хисар: Никола Најдовски од ВМРО-ДПМНЕ и Стевче Митревски од СДСМ
Долнени: Урим Ибески од ДУИ и Аднан Џафероски од СДСМ
Желино: Фатмир Изаири од ДУИ и Блејерим Сејдини од Беса
Зелениово: Коста Маневски од ВМРО-ДПМНЕ и Борче Гиевски од СДСМ
Карпош: Стевчо Јакимовски ГРОМ и Душко Весковски од СДСМ
Кичево: Фатмир Дехари од ДУИ и Александар Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ
Кочне: Злавко Ристов од ВМРО-ДПМНЕ и Благој Илиев од СДСМ
Кочани: Љупчо Папазов од ВМРО-ДПМНЕ и Николчо Илијев од СДСМ
Кратово: Тодорче Николовски од ВМРО-ДПМНЕ и Влатко Бојковски од СДСМ
Куманово: Оливер Илиевски од СДСМ и Максим Димитриевски – независен
Лозово: Бошко Цветковски од ВМРО-ДПМНЕ и Ацо Велковски од СДСМ
Македонска Каменица: Димчо Атанасовски од ВМРО-ДПМНЕ и Соња Стаменкова од СДСМ
Македонски Брод: Жарко Ристевски од ВМРО-ДПМНЕ и Ацо Новески – независен
Ново Село: Ѓорге Божинов од ВМРО-ДПМНЕ и Звонко Ангелов од СДСМ
Охрид: Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ и Костандин Георгиевски од СДСМ
Пехчево: Александар Китановски од ВМРО-ДПМНЕ и Славко Пандурски од СДСМ
Пробиштип: Марјан Миленковски од ВМРО-ДПМНЕ и Драган Анастанов од СДСМ
Радовиш: Ацо Ристов од ВМРО-ДПМНЕ и Коле Чаракчиев од СДСМ
Ранковце: Борче Спасовски од ВМРО-ДПМНЕ и Даниел Крстевски од СДСМ
Ресен: Јован Терзиевски од ВМРО-ДПМНЕ и Живко Гошаревски од СДСМ
Росоман: Тихомир Николов од ВМРО-ДПМНЕ и Стојан Николов од СДСМ
Старо Нагоричане: Жаклина Јовановска од СДСМ и Власте Димковиќ од ТМРО
Струга: Рамиз Мерко од ДУИ и Идри Истрефи од Алијанса и Алтернатива
Студеничани: Ејуп Абази од ДУИ и Азен Садики од ДПА
Теарце: Нухи Незири од ДУИ и Назим Таити од Алијанса и Алтернатива
Тетово: Теута Арифи од ДУИ и Билал Касами од Беса
Центар: Наташа Котлар-Трајкова од ВМРО-ДПМНЕ и Горан Герасимовски од СДСМ
Чаир: ДУИ Висар Ганиу и Беким Сали од Алијанса и Алтернатива
Чашка: Суат Шаќиров од ДУИ и Горан Стојановски од СДСМ
Чешиново-Облешево: Далибор Ангелов од ВМРО-ДПМНЕ и Горанчо Крстев од СДСМ
Чучер Сандево: Сашко Комненовиќ од СДСМ и Јован Пејковски – независен
Шуто Оризари: Курто Дудиш од ДОМ/ЛДП и Ферат Асани од СДСМ
Град Скопје: Петре Шилегов од ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска, независна, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ
Приговори за гласање на листите на кандидати за градоначалници до ДИК има поднесено за општините Дебар, Шуто Оризари, Пласница и Кисела Вода. Додека, приговори за гласање на листите за кандидати за членови на општините има за Дебар, Шуто Оризари, Лозово, Тетово, Пласница, Штип и Кисела Вода.
Конечните резултати за советите во Општините и Градот Скопје, од ДИК најавија дека ќе ги објават во текот на денот.