Заев: „Граѓаните ја бараат нашата мобилизација и ќе ја добијат нашата мобилизација“

„Граѓаните пратија порака и ние таа порака мораме да ја слушаме, да ја разбереме и да постапуваме по неа“, порача денеска лидерот на СДСМ – Зоран Заев, на Фејсбук, еден ден по поразот на неговата коалиција во првиот круг на локалните избори.

„Народот сака да види подобри резултати, но од спротива се заканува злото. Ние сме борбата против злото. Сите ние, секој од нас. Граѓаните ја бараат нашата мобилизација и ќе ја добијат нашата мобилизација“, оценува и пишува Заев, додавајќи дека граѓаните сакаат земјата и општините да одат напред, а СДСМ и коалицијата мораат, како што вели, да го дадат максимумот за тоа да се случи.

„Влегуваме во вториот круг и во борба за секој еден град и за правецот на нашата земја. Сега е најважно ОБЕДИНУВАЊЕТО“, додава Заев во постот.

- Реклама -