Али Ахмети: Никогаш нема да ве разочарам

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција – Али Ахмети, им се заблагодари на сите граѓани за поддршката на вчерашните локални избори на кои, како што велат од партијата, уште еднаш се докажа дека ДУИ е најголемата албанска политичка сила во земјава.

„Заедно остваривме победа и овој пат и јас сум многу благодарен за придонесот на секој од вас за време на кампањата и изборниот процес. ДУИ е ваша, тоа е национален проект каде што сите имаме удел и ви ветувам дека никогаш нема да ве разочарам“, порача Ахмети.

„Одговорноста што ми ја давате со вашата доверба e благослов и поттик за да се направи уште повеќе, уште подобро. Заедно сме на овој пат, и заедно ќе го направиме секој чекор со сите граѓани. Оваа победа е ваша, на сите граѓани“, додаде лидерот на интегративците.

Прочитајте и:  Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се хистерични

Извор: МИА

- Реклама -