САД ќе прифатат двојно повеќе бегалци, одлучи Бајден

Вашингтон, 9 октомври 2021 (МИА) – Американскиот претседател Џо Бајден двојно ја згхолеми квотата за прием на бегалци – од 62.5 илјади на 125 илјади, соопшти Белата куќа.

„Приемот на до 125.000 бегалци во САД за следната фискална година ќе се изврши од хуманитарни причини, а исто така е соодветен на националните интереси на земјата“, изјави Бајден. САД имаат намера да примат 10.000 бегалци од Европа и Централна Азија.

Владата го предупреди Конгресот за намерата да ја зголеми квотата на земјата за бегалци.

Прочитајте и:  ЕУ поделена околу одлуката на Бајден за напади длабоко во Русија, се стравува од нуклеарна војна
- Реклама -