Левица: Не го признаваме пописот и ќе го поставиме како услов за наредна Влада

Политичката партија Левица, која единствена јавно повикуваше на бојкот на пописот со образложение дека исходот од истиот е однапред договорен и дека тоа е само уште еден чекор кон федерализација на државата, нема да го признае резултатот од оваа статистичка (барем според властите) операција, соопшти пратеникот Борислав Крмов на прес-конференција.

Тој тврди дека се потврдиле сите нивни предупредувања и дека операцијата била сведена на трчање по матични броеви, па оттаму, според него, произлегуваат и нелогичности во бројките што дневно ги објавува ДЗС за бројот на попишани. Врз основа на тие бројки, Крмов оцени дека „зацртаниот“ таргет е некаде околу 2 милиона жители. Повикувајќи се на бројот на издадени државјанства, кој, вели, се движи околу 2.5 милиони, тој констатира дека непопишани ќе останат околу 300.000 граѓани.

Прочитајте и:  Левица: Премиерот Мицкоски и министерот Тошковски го изгубија судскиот спор со Левица

Околу предупредувањата за казни за оние кои одбиваат да се попишат, Крмов повтори дека тоа се празни закани, затоа што попишувачите имаат само адреса, а не и имиња, така што не може да се знае кој тоа не им отворил врата.

Аргументите на Крмов и Левица во видеото:

- Реклама -