По тешката пандемиска година која ги ограничи можностите за младите дизајнери да го покажат својот талент, неодамна во изложбениот центар Fiera Milano во Милано, Италија, се одржа таканараченото The Lost Graduation Show, доведувајќи ги во фокус талентите во подем во светот на индустрискиот дизајн. Беа претставени 170 проекти од 48 дизајн-школи од 22 земји (избрани од вкупно 300 дизајн-школи во 59 земји).
Еден од нив е проектот Lumi, на 25-годишниот Пјетро Мондини од Милано и 27-годишниот Милан Митев од Скопје, двајцата на магистерски студии по индустриски дизајн на универзитетот SPD (Scuola Politecnica di Design) во вториот најголем град во Италија.
Lumi, едноставно кажано, е кафе-масичка и столна ламба во едно. Со оглед дека долната страна од површината е таа што е осветлена, вие сте тие кои, со едноставен потег, решавате дали Lumi во дадениот момент ќе биде едното или другото, или двете истовремено. Следниве фотографии и видео на Милан Митев ќе ви појаснат како тоа изгледа:
View this post on Instagram
Како што објаснуваат двајцата дизајнери, Lumi е проект кој произлегува од најновите истражувања за клучната важност на светлината врз животниот циклус, односно врз природните внатрешни процеси кои го регулираат 24-часовниот циклус на спиење и будење. Изработен од дрво, светлината е интегрирана во „скриената“ метаструктура и овозможува визуелна елеганција во едноставна естетика. Двете функции ги обединува кружната форма.
View this post on Instagram
Дел од останатите проекти кои беа претставени на The Lost Graduation Show, можете да погледнете ТУКА, или на Инстаграм.