Заев: Продолжува растот во технолошко индустриските развојни зони

Продолжува растот во технолошко индустриските развојни зони, порача премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

Согласно анализите на ТИРЗ, соопшти тој, регистирани се рекордни економски активности во првите осум месеци од 2021 во однос на минатите години.

Вкупниот извоз во првите осум месеци во зоните, пак, достигнал 2.04 милијарди евра, што е за над 50% повеќе во однос на истиот период лани, односно над 11% во споредба со 2019 и речиси 32% повеќе од 2018 година, потенцира Заев.

Регистриран е и раст од 7.15% на бројот на вработени споредено со истиот месец лани и бележи стабилно ниво од над 14.000 вработени во компаниите, додаде премиерот.

Тој истакна и дека најавени се и нови странски инвестиции во Штип, Кичево и Скопје, со вкупен обем од над 54 милиони евра, како и дека од почетокот на годината се потпишани или се во фаза на реализација договори за нови инвестиции од речиси 160 милиони евра.

- Реклама -