Заев: Сончева електрична централа и ветерен парк се двете нови стратешки инвестиции на Владата

„Инвестициите во производство на чиста и зелена енергија се наш приоритет“, порача премиерот Зоран Заев на Фејсбук, најавувајќи две нови стратешки инвестиции – сончева електрична централа и ветерен парк.

На предлог на Комисијата за стратешки инвестициони проекти, со посебни одлуки Владата ги утврди како стратешки инвестиционите проекти на Друштво за производство на енергија ЕФТ Солар дооел Скопје и на Друштвото за производство, трговија и услуги Ветерен Парк Вирови дооел Скопје, соопшти Заев.

„Северна Македонија е лидер во Западен Балкан во однос на зелена трансформација и е првата земја во регионот која што прави енергетска транзиција на термоелектрана во капацитет кој ќе произведува електрична енергија со фотоволтаици.
Посветено работиме на праведна енергетска транзиција, зголемување на енергетската ефикасност и заштита на животната средина“, порача премиерот.

- Реклама -