Бајден прогласи крај на толерантниот однос кон невакцинираните, нови овластувања за компаниите со над 100 вработени

Американскиот претседател Џо Бајден доцна синоќа го претстави планот за натамошна борба против пандемијата на коронавирус. Планот предвидува построги казни за луѓето кои одбиваат да носат маски во јавниот превоз. Висината на казната двојно се зголеми. При првиот прекршок, сторителот ќе биде казнет со 500 долари, а вториот пат казната може да биде до 3.000 долари.

Бајден објави дека потпишал или наскоро ќе потпише укази за задолжителна вакцинација на сите државни службеници и вработени во американската федерална администрација. Покрај тоа, властите во земјата овластуваат компании со повеќе од 100 вработени да ги вакцинираат или да бараат неделни тестови од нивните вработени.

Шефот на Белата куќа нагласи дека неговиот толерантен однос кон невакцинираните „завршува“.

Прочитајте и:  Песков: Бајден ја ескалира ситуацијата за да ги саботира мировните планови на Трамп за Украина

„Мојата порака до невакцинираните Американци е: што друго можете да очекувате, што друго треба да видите? Ние ја направивме вакцинацијата бесплатна, безбедна и удобна“, истакна Бајден.

Во САД повеќе од 25 отсто од населението, односно над 80 милиони луѓе, се уште не се вакцинирани против коронавирусот.

МИА

- Реклама -