Ливерпул, 23 август 2021 (МИА) – Премиерлигашот Ливерпул не му дозволи на својот фудбалер Мохамед Салах да патува во Египет за септемвриските натпревари на неговиот национален тим во квалификациите за пласман на Светското првенство, соопшти денеска Фудбалската федерација на Египет.
Египет е на „црвената листа“ на британските власти во ограничувањата поврзани со коронавирусот и евентуалниот настап на Салах за националниот тим ќе значи негов задолжителен двонеделен карантин при враќањето во Велика Британија.
Салах ќе ги пропушти натпреварите против Ангола и Габон.
Во ноември лани, Ливерпул му дозволи на Салах да отпатува во Египет на свадбата на неговиот брат, а по враќањето на фудбалерот му беше констатирано дека е позитивен на коронавирус.