Републиканска конгресменка поднесе барање за отповикување на Бајден

Вашингтон, 23 август 2021 (МИА) – Републиканската конгресменка Марџори Тејлор Грин поднесе три резолуции за отповикување на американскиот претседател Џо Бајден бидејќи „ги занемарил должностите во Авганистан“, но и поради „кршење на имиграциските закони“ и предизвикување на безбедносна криза, како и поради узурпирање на надлежностите на Конгресот и игнорирање на одлуките на Врховниот суд.

Тејлор Грин го обвинува Бајден дека ја занемарил својата должност бидејќи не успеал да обезбеди евакуација на повеќе илјади американски цивили и државјани на Авганистан, соработници на Американците откако талибанците ја презедоа власта во Авганистан.

Таа го обвинува Бајден за вооружување на непријателите на САД со американска воена опрема и оружје.

„За само седум месеци Џо Бајден придонесе Америка да ја изгуби почитта од целиот свет. Доказите се јасни, а неговите потези се невидени, поради што тој мора да поднесе оставка“, посочи Тејлор Грин.

Таа и во јануари, само еден ден откако Бајден положи заклетва, поднесе барање за негово отповикување.

- Реклама -