Барселона, 20 август 2021 (МИА) – Марк Андре тер Штеген се врати на тренинзите со своите соиграчи во Барселона, откако се рехабилитираше по операцијата што ја имаше на крајот од минатата сезона.
Чуварот на мрежата на Германија го пропушти ЕВРО 2020 поради опоравок со проблем во десното колено.
Оскар Мингуеса и Филипе Кутињо би можеле да му се придружат на Тер Штеген за да бидат достапни за натпреварот со Гетафе, додека Ансу Фати, Серхио Агуеро и Усман Дембеле сѐ уште се опоравуваат.
Со ова, просторијата за лекување во Барселона полека почна да се празни.