Нион, 19 август 2021 (МИА) – Кевин де Брујнe од Манчестер Сити и Жоржињо и Нголо Канте од Челси се тројцата фудбалери кои УЕФА ги номинираше за годинешната награда играч на годината.
Потесниот список од тројца играчи беше избран од жири составено од 24 тренери на националните тимови кои учествуваа летово на УЕФА ЕВРО 2020, заедно со 80 тренери на клубовите кои играа во групните фази на УЕФА Лига на шампиони и Лига Европа. Во жирито учествуваа и педесет и пет новинари од секоја од 55-те асоцијации на УЕФА.
Тројцата тренери кои добија најмногу поени по завршувањето на гласањето се Пеп Гвардиола – Манчестер Сити, Роберто Манчини – Италија и Томас Тухел – Челси.
Добитниците на наградите ќе бидат објавени на церемонијата на ждрепката на групната фаза на Лигата на шампионите 2021/22 година, што ќе се одржи во четврток, 26 август, во Конгресниот центар Халич, во Истанбул, Турција.