588 нови случаи и 8 нови починати од ковид во државата

Во последните 24 часа се направени 5.780 тестирање, а регистрирани се 588 нови случаи на КОВИД-19, информираше Министерството за здравство. Новозаразените се од:

• Скопје – 230
• Тетово – 101
• Гостивар – 82
• Кичево – 48
• Дебар – 17
• Охрид и Струмица – по 16
• Куманово – 15
• Струга –11
• Битола – 8
• Кавадарци и Свети Николе – по 6
• Радовиш и Берово – по 5
• Велес и Валандово – по 4
• Штип и Виница – по 3
• Ресен и Македонски Брод – по 2
• Прилеп, Кочани, Демир Капија и Пехчево – по 1.

Пријавени се 8 починати лица: по 2 лица од Тетово (66г и 72г) и Гостивар (67г и 72г), по едно лице од Скопје (65г), Прилеп (51г), Кичево (74г) и Велес (65г).

Регистрирани сe 26 оздравени пациенти од:

• Скопје – 8
• Тетово – 6
• Гостивар – 4
• Куманово, Битола и Берово – по 2
• Кичево и Валандово – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.033.882 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 159.269 бројката на оздравени пациенти е 150.613, на починати е 5.521, а бројот на активни случаи изнесува 3.135.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата на активни случаи, по градови, е следна:

Скопје 69879, Активни 1053
Куманово 9114, Активни 193
Прилеп 8359, Активни 28
Тетово 8127, Активни 755
Битола 6395, Активни 75
Гостивар 5583, Активни 370
Велес 5498, Активни 21
Кавадарци 5189, Активни 31
Охрид 5088, Активни 67
Штип 4983, Активни 18
Струмица 4220, Активни 88
Струга 3050, Активни 67
Кочани 2823, Активни 27
Кичево 2771, Активни 161
Гевгелија 2199, Активни 2
Неготино 2184, Активни 0
Свети Николе 1536, Активни 9
Ресен 1242, Активни 8
Крива Паланка 1229, Активни 2
Радовиш 1183, Активни 19
Берово 1053, Активни 18
Дебар 1025, Активни 71
Делчево 977, Активни 3
Виница 898, Активни 12
Пробиштип 791, Активни 2
Валандово 681, Активни 11
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 0
Демир Хисар 400, Активни 0
Демир Капија 398, Активни 2
Кратово 377, Активни 0
Македонски Брод 372, Активни 13
Пехчево 279, Активни 8
Мак.Каменица 250, Активни 1
Дојран 132, Активни 0.

- Реклама -