Барселона, 9 август 2021 (МИА) – Тренерот на Барселона, Роналд Куман го коментираше заминувањето на Лионел Меси од тимот.
„Сакаме најдобро за клубот. Мораме да ја свртиме страницата и да го прифатиме ова. Треба да покажеме дека сме добар тим и без Лео“, изјави Куман по синоќешната победа над Јувентус со 3:0 во „Гампер купот“.
На 5 август, Барселона објави заминување на 34-годишниот аргентински фудбалер. Меси го напушти каталонскиот клуб поради финансиски и структурни ограничувања што постојат во шпанското првенство.
Според извештаите на медиумите, Аргентинецот може да се пресели во ПСЖ