„Материјалната штета е нешто што со заеднички сили ќе го надоместиме, сега најголемата грижа на сите мора да ни биде безбедноста“, вели Заев по пеколната илинденска ноќ

„Пожарите кои ја зафатија земјата донесоа тешка илинденска ноќ, но благодарение на професионалноста и солидарноста на пожарникарите и граѓаните и натаму немаме повредени или загрозени лица.

Материјалната штета е нешто што со заеднички сили ќе го надоместиме, сега најголемата грижа на сите мора да ни биде безбедноста“, истакна денеска премиерот Зоран Заев.

Тој уверува дека „сите сили и капацитети на системот се ангажирани под прецизна команда на Центарот за управување со кризи“, со тоа што од утрово два хеликоптери интензивно учествуваат во гасењето, а во секој момент, како што рече премиерот, се очекуваат да се вклучат уште четири хеликоптери, како помош од соседна Србија.

„Во интензивна комуникација сме и со нашите НАТО сојузници од регионот, кои се будни и подготвени да ни испорачаат помош согласно условите на теренот“, додаде Заев.

Прочитајте и:  Заев единствен од Балканот спомнат во новите мемоари на Меркел, опишан е како храбар и решителен

Тој апелира граѓаните да не одат во шумите и да бидат внимателни и одговорни, додавајќи дека заедно можеме и ќе ги надминеме, како што рече, овие „пеколни предизвици“.

Според последните информации, пожарот во Кочани е локализиран, но активни се околу десетина други пожари. Голем пожар има во Старо Нагоричане, каде се зафатени неколку куќи а несленито е евакуирано, а пожар има и во делчевско, пренесува „Канал 5“. Подетално ТУКА.

- Реклама -