Заев на состанок со Вучиќ и Рама: „Се поврзуваме уште повеќе за да го олесниме и подобриме животот на сите наши граѓани“

Премиерот Зоран Заев информираше дека утрово имал продуктивен состанок со претседателот на Србија – Александар Вучиќ и премиерот на Албанија – Еди Рама, со кои заеднички го организираат Економскиот форум за регионална соработка.

Тема на состанокот биле подготовките за форумот, кој ќе се одржи на 29 јули во Скопје.

„Се поврзуваме уште повеќе за да го олесниме и подобриме животот на сите наши граѓани. Ова е нов Балкан, европски. 🇲🇰 🇷🇸 🇦🇱 🇪🇺 “, порача премиерот Заев.

- Реклама -