Михаилоска: Минималната плата ќе ја покачиме на 18 илјади денари

„Донесовме, како народни избраници, закони за покривање на долговите на општините, односно за 51% од вкупно пријавените долгови на локалните власти“, потсетипратеничката на СДСМ – Соња Михаилоска, на партиската трибина во Делчево.

Таа истакна дека законодавната и извршната власт се постојано во комуникација со општините, а со цел подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

Михаилоска потсети и на зголемувањето на минималната плата, најавувајќи дека истата ќе достигне 18.000 денари.

„За краток период успеавме да ја зголемиме минималната плата од 9 на 15 илјади денари, а наскоро ветуваме дека оваа плата ќе достигне и 18 илјади денари. Просечната плата е покачена на 28.400 денари, а воедно ги зголемивме платите со сите дејности, како: здравството, образованието, армијата, МВР, администрацијата… Исто така, социјалната помош е покачена 300%, а социјална пензија земаат и оние над 65 години кои немаат 15 години работен стаж, во износ од 6.500 денари. Мислиме и на стечајците, кои добиваат осум илјади денари месечно до пензионирање“, рече Михаилоска.

Таа потсети и дека власта на СДСМ остварила една од стратешките цели на државата – членството во НАТО.

Со нова победа на СДСМ на локалните избори во Делчево, соработката со централната власт дополнително ќе се унапреди, порача таа.

- Реклама -