Во последните 24 часа се направени 1.650 тестирање, а регистрирани се 6 нови случаи на КОВИД-19, информира Министерството за здравство.
Од новозаразените, петмина се од Скопје, а еден е од Кичево.
Во последните 24 часа не се регистрирани починати пациенти.
Регистрирани се 27 оздравени пациенти од:
• Скопје – 17
• Тетово – 4
• Охрид – 2
• Прилеп, Гостивар и Кичево – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 893.681 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.716, бројката на оздравени пациенти е 150.100, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 130.