Заев со порака до Пандев: „Напред македонски јунаку, новите македонски фудбалски сили се во твои раце!“

„Македонското фудбалско чудо – капитенот Горан Пандев, денеска заокружува европски и светски успех. Најдобриот стрелец во историјата на македонската фудбалска репрезентација, својот последен настап во националниот дрес го игра на историскиот пласман за #MKD на #EURO2020. Има ли подобро финале за нашиот Гоче?“, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук од Амстердам, каде заедно со холандскиот премиер Марк Руте ќе навиваат од трибините, секој за својата репрезентација.

Заев истакна дека сега е време знаењето и искуството Пандев да го пренесе на нашите млади фудбалски таленти.

„Напред Пандев, напред македонски јунаку! Новите македонски сили во фудбалот се во твои раце“, порача премиерот.

 

- Реклама -