Искрена благодарност до канцеларот на Австрија – Себастијан Курц, изрази денеска премиерот Зоран Заев, кој во Виена, на покана токму од австрискиот канцелар, присуствуваше на Самитот на ЕУ за Западен Балкан.
Заев истакна дека Курц демонстрирал вистинска одговорност и лидерство – и кон Западен Балкан, и кон Европа.
„Сѐ додека постојат вакви лидерства посветени на интеграциите, европската идеја нема да може да биде сериозно загрозена, а европската перспектива секогаш ќе биде победник над евроскептицизмот“, посочи Заев.
Како што рече тој, денешната панел дискусија во Виена уште еднаш покажува дека иднината на Европа е со Западен Балкан, а иднината на Западниот Балкан е со Европа.