Коментаторите на МРТ на тапет во Грција зашто користат „Македонија“ и „Македонци“

Фото: ФФМ

Грчката државната новинска агенција – АНА-МПА, реагира што спортските коментатори на МРТ не го користат државното име „Северна Македонија“ и ги ословуваат фудбалерите и навивачите како Македонци, наместо како „државјани на Северна Македонија“.

АНА-МПА посочува дека вчера „Северна Македонија“ го имаше првиот настап на Европско првенство во фудбал, во кој загуби со 3-1 од Австрија, а потоа вели:

„Мечот беше пренесуван од државната телевизија на Северна Македонија – МРТ, која ги има правата за пренос на EURO 2020 во земјата.

И покрај фактот што МРТ е финансирана директно од државниот буџет на Северна Македонија (а не од реципрочен надоместок) и затоа, согласно Преспанскиот договор, мора да го користи официјалното име на земјата, во преносот на мечот го направи сосема спротивното, без воопшто да се придржува до ставките: Двајцата коментатори на мечот постојано ја референцираа ‘националноста на Македонија’ и земјата ја нарекуваа ‘Македонија’.

Во ниту еден случај во текот на целиот меч тие не употребија ‘државјанин на Северна Македонија’, ниту го користеа новото име на државата – ‘Северна Македонија’ “, алармира АНА-МПА во Грција.

- Реклама -