Ердоган: Планот на Израел не е ограничен само на Газа и Либан, следни се „турските земји“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека планот на Израел не е ограничен само на Појасот Газа, Западниот Брег и Либан.

Турскиот претседател, говорејќи на фестивалот „Технофест 2024 Адана“, рече дека се спроведува „предавнички план што не е ограничен само на Појасот Газа, Западниот Брег и Либан“.

-Не мора да бидете пророк за да ја видите конечната цел, рече Ердоган, откако претходно ја посочи можноста следна цел на израелските напади да бидат „турските земји“.

Ердоган смета дека секогаш кога се приближува примирје и мир во регионот, Израел „врши провокација што го уништува овој процес“.

-Тој ги користи сите средства за да го натопи нашиот регион во солзи. Соочени сме со лудило кое ужива во убивање бебиња во нашите раце. За жал, Западот продолжува да ја поддржува мрежата на масовни убиства. Тие што ги дадоа овие бомби сносат подеднаква одговорност за секоја капа пролеана крв, додаде Ердоган.

Прочитајте и:  САД му испорачуваат на Израел дополнителни 12 ловци Ф-15

Израел од 1 октомври спроведува копнена операција против силите на Хезболах во јужен Либан и продолжи со воздушни напади на соседната земја, при што загинаа повеќе од илјада луѓе, вклучително и водачи на шиитското движење, а повеќе од 90.000 се раселени.

И покрај загубите, во кои е вклучен и командниот персонал, Хезболах води копнени битки и не ги запира ракетните напади на израелска територија.

- Реклама -