Битиќи: Скопје со години беше поделено на „оваа и онаа страна на Вардар“, сега се инвестира во секоја општина и секоја населба

„Скопје со години живееше со стигмата ‘од оваа и онаа страна Вардар’ и не се развиваше рамномерно како што доликува на главен град и метропола. Во овие четири години тоа е драстично променето, во Скопје се инвестира во секоја општина и во секоја населба, што е важно за идниот развој на градот“, истакна вицепремиерот за економски прашања и потпретседател на СДСМ – Фатмир Битиќи, на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ на СДСМ, која с одржа вечерва во Скопје.

Концептот „Едно општество за сите“, на кој носител и промотор е СДСМ, не значи сами еднакви права и обврски за сите граѓани, туку и еднакво вложување во секоја општина, секое населено место, рече Битиќи.

Прочитајте и:  Битиќи: Извештајот на Светска банка со аларматни и поразителни податоци за економската состојба во земјата, јасен сигнал дека политиките на ВМРО-ДПМНЕ се неуспешни

Според него, младите сега добиваат нова можност и нова перспектива за животот, бидејќи сите проекти и целата работа е за нив.

„И на овие избори ќе ја имаме најдобрата понуда за секој град, за секоја општина, за секој еден граѓанин. Понуда на квалитетни личности и на реални остварливи програми“, истакна вицепремиерот, додавајќи дека по пат на трибини и средби со граѓаните ќе се бараат решенијата за нивните потреби и проблеми.

- Реклама -