19 новодијагностицирани и 6 починати од ковид, над 120 илјади граѓани се вакцинирани и со втора доза вакцина

Во последните 24 часа се направени 2.456 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на КОВИД-19, информира Министерството за здравство. Новозаразените се регистрирани во:

• Скопје – 5
• Куманово – 3
• Гостивар, Кочани и Демир Хисар – по 2
• Прилеп, Тетово, Кичево, Гевгелија и Неготино – по 1.

Пријавени се вкупно 6 починати лица: 2 лица од Скопје (69г и 83г) и по едно лице од Радовиш (52г), Тетово (77г), Кичево (74г) и Струмица (80г).

Регистрирани се 26 оздравени пациент од:

• Скопје – 8
• Куманово – 4
• Радовиш и Кратово – по 3
• Штип – 2
• Гостивар, Кочани, Прилеп, Свети Николе, Пробиштип и Македонска Каменица – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 804.728 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.364, бројката на оздравени пациенти е 148.872, на починати е 5.435, а бројот на активни случаи изнесува 1.057.

Според Министерството за здравство, вакцинацијата и натаму се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а досега се аплицирани вкупно 362.710 дози вакцини. Од нив, ревакцинирани се 121.342 граѓани.

Во текот на вчерашниот ден вкупно биле вакцинирани 15.756 граѓани, а прва доза примиле 2.067 граѓани.

Со овие бројки, досега 47% од населението над 70 години, односно 41% од населението над 65 години, има примено барем една доза вакцина.

На vakcinacija.mk досега се пријавиле вкупно 437.339 граѓани.

- Реклама -