„Инвестицијата во скијачкиот центар Попова Шапка ќе даде нова димензија на туризмот и ќе биде нешто коешто ќе го смени имиџот на државата“, исткана денеска премиерот Зоран Заев, презентирајќи го Интервентниот план за инвестиции 2021-2027.
Тој соопшти дека пред завршна фаза е постигнувањето на правен договор за инвестицијата во вредност од 50+50 милиони евра.
„Проектот е согласно Законот за концесии и јавно приватно партнерство, а суштината е издавање на 99 години на еден од најголемите инвеститори во скијачки центри во Европа“, истакна премиерот, додавајќи дека инвеститорот сам ќе се претстави откако ќе бидат завршени сите процедури.
Покрај инвестицијата во ски-центарот Попова Шапка, завршена е и студијата и за ски-туристички центар Царев Врв на Осоговските планини, информираше Заев. Како што рече, оваа инвестиција ќе се одвива по принцип на јавно-приватно партнерство и ќе има вредност од околу 50 милиони евра.
Повеќе ТУКА.