Рашковски ќе биде виновен кога тоа ќе се потврди со правосилна судска пресуда, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за неделникот „Фокус“.
И од денешен аспект, тој смета дека поранешниот Генерален секретар на Владата не ја злоупотребил функцијата и спровел, како што вели, „кристално чисти јавни набавки“.
„И денес тврдам дека не ја злоупотребил функцијата и има спроведено кристално чисти јавни набавки. Останувам на ставот дека Владата може да нарачува софтвер без да праша никого, а на министерството е дали ќе го користи“, додава Заев во интервјуто.
„Апсолутно не им верувам и за овој, како и за многу други предмети, вклучувајќи и предмети за опозиционерите…“, вели понатаму премиерот, прашан дали тоа што го брани Рашковски значи дека не му верува на Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција. Прочитајте ТУКА.