„Пред 118 години загинал македонскиот народен херој, Гоце Делчев. Идеалите на борбата за слобода, на кои овој извонреден револуционер им го посветил својот живот, се релевантни во секое време“, порача денеска Амбасадата на Руската федерација во земјава, по повод годишнината од неговото загинување на 4 мај 1903 година во село Баница.
🕯Пред 118 години загинал македонскиот народен херој, Гоце Делчев.
Идеалите на борбата за слобода, на кои овој извонреден револуционер им го посветил својот живот, се релевантни во секое време. pic.twitter.com/pXawSPgy06— Посольство России МК (@Russian_Emb_MKD) May 4, 2021
За разлика од Русија, Борисов смета дека Делчев бил „бугарски револуционер и македонски војвода“, алудирајќи веројатно на бугарската позиција дека терминот „Македонец“ бил географска одредница, односно имал географско, а не етничко значење.
Пендаровски, пак, само кратко објави дека се навршуваат 118 години од смртта на „водачот на македонското револуционерно националноослободително движење“.
Мицкоски, пак, смета дека Гоце Делчев е најголемиот син на Македонија и спротивност на сѐ што е оваа власт, а денес, доколку би бил жив, истата би го прогласила за антизападен.
За Заев, Гоце Делчев е синоним на македонската државност.
Сепак, одбележувањето на овој силно врежан датум во националната меморија, помина со делегации од кабинетите на претседателот и Собранието, но без лично присуство на шефот на државата или премиерот. Затоа, пак, во „Св. Спас“ отиде бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов, кој положи венец и се поклони пред гробот на револуцинерот.