Мицкоски објави нова афера: Над 20.000 граѓани имаат по два матични броја и по двапати ги има во избирачки список, меѓу нив и двојникот на Седат Пекер

Повеќе од 20 илјади граѓани имаат двојни матични броеви и истовремено по двапати фигурираат во избирачкиот список, на повеќе од едно место, обвини денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, откривајќи, како што рече, нова мега афера на власта, продолжение на аферата со фалсификуваните пасоши, која ја нарече „Мафија 2“.

Како што појасни Мицкоски, на едно исто лице му се издавани документи со два различни матични броја, при што еднаш е регистрирано со вистинското име и адреса, а вторпат е регистрирано на друга адреса во друга општина. Според Мицкоски, овие двојни идентитети веројатно се користат како гласачка машинерија на истата, но со двојниот идентите, овие лица можат да ги злоупотребуваат и државните институции, банките, итн.

Прочитајте и:  Мицкоски за Денот на албанската азбука: Писменоста и образованието не се луксуз, тие се основни права и патот до трансформација на општеството

Како најинтересен, Мицкоски го посочи примерот со „Џадин Адемовски“, зад кое име всушност наводно се крие турскиот криминалец Седат Пекер. Според документите што ги презентираше Мицкоски, Џадин има и „брат близнак“ роден на истиот ден, по име „Џеладин Адемовски“. Едниот гласа во училиштето „Имри Елези“ во Чаир, а другиот во „Дитурија“ во Сарај.

 

- Реклама -