ФФМ објави дел од новата химна што се подготвува за Македонија на Европско (ВИДЕО)

Се ближи јуни и првиот настап на македонската фудбалска репрезентација на Европско првенство, ама еуфоријата веќе е присутна (особено по победата над Германија). Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), пак, има намера дополнително да ја подгрева со низа изненадување.

Така, денеска ФФМ објави „тизер“, односно дел од новата навивачка химна по повод учеството на ЕП, соодветно насловена „Одиме на Европско првенство“.

„…со Барди и Адеми… немаме проблеми, секогаш во нови победи!“, се пее во еден од стиховите. „ …Сложни сме и со вас одиме, гласно силно да ве бодриме, нека се тресе сега цела Европа од една силна, моќна Македонија 🇲🇰!“, гласи рефренот.

Дел од останатите, ќе чуете во видеото:

- Реклама -