„Телма“: Само во март, од ковид починале дури 654 наши сограѓани

Дури 654 наши сограѓани го изгубиле животот како последица на Ковид-19 во текот на март годинава, пресмета „Телма“ врз основа на дневните ковид-статистики што ги објавува Министерството за здравство. Во однос на вкупниот број починати досега, кој заклучно со денешниот ден изнесува 3.810, бројката на починати во март претставува околу 17.2%.

Како што посочува „Телма“, тројца од починатите се на возраст од 20 до 29 години, десетмина се во старосната граница меѓу 30 и 39 години, а дваесет на возраст од 40 – 49 години. Најголем број од смртните случаи кај млади лица датираат од последниве неколку денови.

Повеќе ТУКА.

- Реклама -