И Швајнштајгер им симна капа на Македонците

Поранешната фудбалска ѕвезда и еден од столбовите на германската репрезентација – Бастијан Швајнштајгер, ги пофали македонските фудбалери за вчерашната сензационална победа над Германија.

„Мојата почит за Северна Македонија. Несреќен пенал против нив, чист пенал што не го добија и овие момци сепак победија против четирикратниот светски шампион. Им симнувам капа“, порача Швајнштајгер на Твитер.

- Реклама -