Затвореник од „Идризово“ глумел директор преку телефон и измамил седум лица за вкупно 315.000 денари

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 34-годишниот Б.А.(34) од Скопје, поради основано сомнение за сторени седум кривични дела „измама“. Како што посочуваат од МВР, истиот делата ги сторил додека бил на издржување на казна затвор во КПУ „Идризово“.

Имено, во периодот од 2 јули 2019 до 13 февруари 2020 година, Б.А. преку мобилен телефон лажно се претставувал како сопственик или раководител на различни фирми и лицата К.Б.(65), С.К.(47), Џ.Л.(55) од Тетово, А.Х.(36), Ј.М.(67) од Скопје, С.С.(40) од с.Џепчиште и М.Б.(62) од с.Беловиште ги довел во заблуда дека неговата фирма деловно ќе соработува со нив, со што од нив успеал да земе парични средства. Со ваквите дејствија, затвореникот причинил материјална штета од околу 315.000 денари, велат од МВР.

- Реклама -