„Почитуван Заев, вашата администрација реагираше мошне брзо со таа протестна нота, но сѐ уште не даде одговор на прашањата зошто во земја која е кандидат за ЕУ, човек станува предмет на репресии само поради својата самоопределба“, реагира пратеникот Ангел Џамбаски по протестната нота од македонското МНР за неговото скандалозно предизборно видео обраќање, од кое се огради дури и бугарското МНР со кое ракодоводи Екатерина Захариева.
Џамбаски го повикува Заев и да одговори и за спречениот влез на бугарски книги и поврзаноста на Владата со невладината организација ИФИМЕС, иако Владата тоа веќе го стори. Имено, МНР се повика на Царинската управа, која објасни дека книгите биле спречени не поради цензура, туку поради некомплетна документација, а од Владата веќе демантираа дека имаат некаква поврзаност со анализите на ИФИМЕС.
По низата прашања за кои македонската страна наводно молчи, Џамбаски дури во последниот пасус зборува за она што е предмет на протестната нота, а тоа е содржината на неговото видео.
„Никаде не сум изразил претензии кон Северна Македонија и нејзината територијална целовитост, ниту кон Вашето право да се нарекувате северномакедонци. Јас зборувам за Македонија, мојата, нашата Македонија, за која се бореа бугарите Борис Сарафов, Васил Чакаларов, Лазар Поптрајков, Гоце Делчев, Дамјан Груев, Тодор Александров и безброј други комити. Македонија е бугарска и тоа е историската вистина!“, упорен е Џамбаски.
Во обид да му помогнеме на европратеникот да нѐ убеди дека нема територијални претензии, повелете со нас уште еднаш да го погледнеме спотот: