Министерство за здравство: Нови рестриктивни мерки нема да дадат резултат, кревети има доволно

Состанокот на Комисијата за заразни болести, на кој требаше да биде разгледана ситуацијата со коронавирусот во земјава и потребата од евентуално воведување на нови мерки, е презакажан за утре.

Од друга страна, министерот за здравство Венко Филипче денеска имаше координација со директорите на КОВИД центри и претседателот на Комисијата за зразни болести – Жарко Караџовски. Нема потреба од нови мерки – е заклучокот донесен на овој состанок.

Според епидемиолозите, нови дополнителни рестриктивни мерки не би дале резултат, затоа што се наоѓаме на крајот на активноста на вирусот, односно во 6 до 8 недела од третиот бран, образложува Министерството за здравство. Тоа, според епидемиолозите, значи дека вирусот има широка инфекција на територијата на целата држава.

Од Министерството посочуваат и дека доставата на терапијата оди тековно и нема застој, но и дека болничките капацитети за прием на ковид пациенти се зголемени за 50% во споредба со ноември минатата година. Иако признаваат дека зголемена е и потребата од хоспитализација на пациенти, што бара сериозен пристап и координација, од кабинетот на Филипче велат дека тоа успешно се менаџира.

Прочитајте и:  Мицкоски: Ќе донесеме нов Кривичен законик, но согласно европските стандарди, а не според нечии потреби

„Стотина кревети дополнително се подготвуваат и во секој момент доколу е потребно може да се стават на располагање за прием на ковид болни. Членовите на Комисијата за заразни болести се во секојдневна координација и комуникација и во текот на неделата ќе одржат состанок. Во текот на периодот кој следува останува да се следи ситуацијата и согласно истата доколку е потребно да се дејствува, тоа ќе се направи“, уверуваат од Министерството за здравство.

- Реклама -