Албин Курти со видео-обраќање ја повика албанската дијаспора од Македонија да се регистрира на пописот

„Напишете го вашето име и кликнете на опцијата: Албански“, порачува лидерот на Самоопределување и кандидатот за косовски премиер – Албин Курти, во видео обраќањето до албанската дијаспора од земјава.

Според Курти, регистрацијата на секој граѓанин е исклучително важна, бидејќи според Македонскиот устав политичките права на граѓаните во земјава се диктирани од бројките.

„ Ова значи дека за политичката застапеност, капиталните инвестиции, вработувањата, распределбата на буџетот, субвенциите за земјоделците, стипендиите за ученици и студенти, донациите за општините и слично, зависат од бројот граѓани на двете најголеми државотворни заедници заедници на Северна Македонија“, вели Курти, меѓу другото, пренесува „360 степени“.

- Реклама -