Николоски од протестот пред Влада: Бидете горди, ги спречивме да ја распарчат Македонија

„Бидете горди. Еден прв мал чекор е направен“, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Александар Николоски, на денешниот протест пред Владата, истакнувајќи дека протестите на граѓаните ја спречиле власта да потпише нов штетен документ со Бугарија.

Според Николоски, „Заев и неговата предавничка екипа“ биле подготвени уште минатата недела да ја распарчат Македонија, да капитулираат и да потпишат „нешто што Македонец не би помислил“, но тоа не го направиле бидејќи ги спречил и исплашил народот кој секојдневно излегува на улиците.

Сепак, според Николоски, ова е само привремен триумф:

„Ова е само почеток. Ќе се обидат пак за недела, две, за еден месец. И затоа треба да се сме обединети“, порача тој.

Прочитајте и:  Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не функционира со ултиматуми и рокови

- Реклама -