Шилегов: Ниеден Бугарин нема право да наметне нешто на Македонија

Со тезите дека на 13-ти Ноември во Македонија, односно Скопје, се славело нешто поврзано со Тито, бугарската страна сака да го премолчи делот од историјата во кој е јасно дека царска Бугарија, во Втората светска војна, била соработник на нацистичка Германија, истакна скопскиот градоначалник Петре Шилегов во „Само интервју“ на „Канал 5“.

Тезите на Бугарија тој ги оценува како непринципиелни и неприменливи, но и надвор од сите меѓународни правни рамки.

Изјавите од изминатиот период, Шилегов ги оцени како исклучиво навредливиза македонскиот народ.

„Ослободувањето на Скопје е круна на борбата на македонскиот народ за своја самостојна држава. Нелигитимно е тие на свој начин да наметнат сила на другата страна. Ниеден Бугарин нема право да наметне нешто на Македонија“, истакна Шилегов.

Прочитајте и:  Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не функционира со ултиматуми и рокови

Извор: Локално

- Реклама -